Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно од пладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 11 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне 19 степени.

Во понеделник ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.