Пролетно кастрење и уредување на зеленилото во општина Центар

Се кастри и уредува зеленилото на повеќе места во општина Центар извести градоначалникот Горан Герасимовски. Тој додава набрзо ќе се средат и дворовите во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

„Го кастриме и уредуваме зеленилото околу Зелениот пазар, ги отстрануваме исушените гранки и обликуваме крошните на дрвјата околу градски ѕид спроти Собрание. Истовремено работиме на зеленилото во Капиштец и ќе продолжиме кон улица Козара. Целосно е уреден и училишниот двор на ООУ ,,Димитар Миладинов". Искосена е тревата, оформено е зеленилото и отстранети се паднатите лисја и останатиот смет. Ваков третман ќе добијат и сите други основни училишта и градинки. Целосно ќе се уреди и просторот околу паркингот Трготекстил и околните кули“, се вели во објавата на Герасимовски.