Професор Дескоски: На Владата и на Собранието е да одлучат дали ќе влезат во свесно и намерно кршење на „Преспа“

Професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Тони Дескоски смета дека на Владата и на Собранието е да одлучат дали ќе влезат во свесно и намерно кршење на договорот од Преспа во однос ситуацијата со личните документи и тие треба да оценат кои се последиците. 

- Законот за патните исправи (пасошите) ГИ ОБВРЗУВА сите државни органи, вклучително и граничната полиција. Ако Законот се смени, ќе важи новиот Закон. Таквиот нов Закон ќе важи иако со него се прекршува една обврска од Преспа ( се дури истиот не биде укинат од Собранието или од Уставниот суд), пишува Дескоски во фејсбук објава. 

- На Владата и на Собранието е да одлучат дали ќе влезат во свесно и намерно кршење на Преспа и да оценат кои се последиците. Иако сум меѓу јавно декларираните противници на преименувањето од Преспа, сепак не би советувал да се оди кон нејзино кршење (заради многу извесните негативни последици), додава тој.