Приведен 28-годишен битолчанец поради грабеж

МВР информира дека вчера, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода битолчанецот С.Б.(28) поради кражба.

- Тој се сомничи дека на 4 април годинава со употреба на сила и погоден алат влегол во деловна просторија на булевар „1 Мај“ во Битола и одзел предмети, известуваат од полицијата.

С.Б. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

- По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.