„Преговараш дали да платиш за потрошената струја, навечер работиш во Комуналец, а преку ден во Германија“: Доктор Беќаровски кажа 10 македонски бисери

Докторот Нико Беќаровски е активен на социјалните мрежи и често коментира за актуелните теми во Македонија.

Беќаровски објави 10 оригинални македонски бисери, кои предизвикаа многу реакции на фејсбук.

- Имаш универзитетска диплома, а не го знаеш јазикот на кој „си дипломирал“. Преговараш дали воопшто да ја платиш потрошената струја. Навечер работиш во скопски „Комуналец“, а преку ден во фабриките во Германија. На ФБ пишуваш никогаш Северна, а имаш потпис на „б'лгарски происход“. Ја имаш најголемата светска депонија на 25.713 км2, а имаш површина од 25.713 км2. Одиш на работа за да се одмориш од работа. Кради, ама барем гради. Сите имаат деца генијалци кои „знаат перфектно“ англиски и компјутери. Секој ден, „од утре“ започнуваш здраво да живееш. Продаваш оригинален охридски бисер „made in China“, објави Беќаровски.