Повеќе одмараме, отколку што работиме – 7 неработни денови и продолжени викенди во низа

Пред нас е период кога повеќе ќе одмараме, отколку што работиме. Двата изборни циклуси, верските и државни празници ќе направат одличен пролетен одмор.

Почнувајќи од втората половина на овој месец, прв неработен ден е 24 април – кога се одржува првиот круг од изборите за претседател на државата. Вториот круг исто така е неработен, а тоа 8 мај.

Меѓународниот ден на трудот – 1 мај (среда) е исто така неработен,  а неработен ден за сите граѓани е вториот ден на Велигден кој се празнува за 6 мај.

Православните верници ќе одмараат еден ден повеќе, 3 мај (петок) е неработен за припадниците на православната вероисповест.

Втората половина на мај носи уште еден неработен ден – празникот на  светите просветители „Кирил и Методиј“ кој се празнува на 24 мај е причина за уште еден продолжен викенд.