Повеќе апсења за поседување дрога низ цела земја, запленети 12 шишенца метадон

Полицијата во текот на вчерашниот ден спроведе повеќе акции низ Македонија, во кои беа одсемани марихуана, прашкаста дрога, лекови, како и ампули метадон. 

МВР ги евидентира овие настани:

На 20.04.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Ш.С.(29) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.    

Денеска (21.04.2022) во 07.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп – Одделение за недозволена трговија го лишиле од слобода А.Ш.(32) од Прилеп.  При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и неколку таблетки. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.04.2022 во 07.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.04.2022 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ја лишиле од слобода Т.Н.(33) од Струга, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени 12 шишенца со течност - метадон. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.