Поради вандализам, имало прекин на струјата во Градски парк

Вчера во Градски парк снемало осветлување, а откриени се и причините зошто тоа се случило.

„При увидот утврдено  е дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено и беше вклучена електричната енергија за осветлувањето на Градскиот парк“, известуваат Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило.

Од Градот апелираат да не се отвараат кутиите за напојување. Тие велат дека за случајот го известиле и МВР.