Понеделник 8 јануари неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Р. Македонија 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед се вели во соопштението на министерството.