Подгответе се за студ - Ниски температури и денеска и северен ветер

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.

Според прогнозата на УХРМ следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.