Почина легендарниот Димче Мешковски

Почина легендарниот македонски актер и хуморист Димче Мешковски.

Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други….

Роден е на 31 октомври 1945 во Скопје. Беше актер во Драмски театар.

Оствари улоги во многу театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии - „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии - „Хихирику“и играни филмови -„Викенд на мртовци“.

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело. Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.