По тетовирањето на веѓи нов тренд кај Македонките „бришење“ на стрии

По тетовирањето, на веѓи, како и нанесувањето на трајна шминка новиот тренд кај Македонките е прикривање на стриите и лузните по телото. Тату мајсторите низ градот почнаа да ја користат новата техника на боење за да им помогнат на жените кои сакаат да се ослободат од изразените стрии на телото.

Со помош на мастило ги бојат стриите на своите клиентки, притоа создавајќи илузија за мазна кожа со изедначен тен.

Сепак, тетовирањето на стриите носи и ризици ако не е направено правилно. За ваквиот метод за справување со стриите, дерматолозите велат: „Може да успее, но стриите всушност се загуба на кожа. Па, ризикот доаѓа оттаму што ако тетоважата е направена од некој кој не знае како да третира кожа, може да завршите со лузна или потенцијално поголем проблем.“

Што се може да се прикрие со тетоважата:

-Белези од раѓање
-Лузни од акни
-Пеги
-Стрии
-Лузни од Царски рез
-Лузни од Мастектомија
-Дисколорација на кожата / пигментација
-Големи или мали хирушки лузни
-Ткиво со лузни од случајна повреда
-Лузни од останати од секаков вид на посекотини
-Мали и големи лузни од изгореници
-Испукани капилари (Пајаковидни вени)

Некои лузни не може да се тетовираат одново, тука се вклучуваат тешките келоидни лузни (лузни кои се заздравени на врвот односно на површината на кожата, а не под нејзе). Со тетовирање врз вашата лузна не може да се промени структурата на истата. Тетоважата нема да ги избрише лузните, туку ќе ги прикријат и замаскираат.