Пинтија ќе добие нов плоштад

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски изврши увид во Пинтија каде што течат градежните активности за изградба на нов плоштад.

- Едно запуштено место од минатото кое беше неубава слика, го уредуваме во простор за уживање на жителите од овој дел на општината. Новиот плоштад го уредуваме со пешачки патеки, урбана опрема и парковско зеленило, а нашите најмлади жители ќе добијат и детско катче за непречено да течат нивните игри и дружење, порача од терен Ѓорѓиевски. 

Рече дека се надева дека новоизградениот плоштад ќе биде местото на кое ќе одржиме многу манифестации во иднина.

- Пред неколку дена ја започнавме фекалната канализација која беше децениско барање на жителите, реконструиравме улици и тука не завршуваме - Пинтија ќе биде модерна населба како што доликува и каква што мојот народ заслужува, дециден е првиот човек на Кисела Вода.