Пејачката Бојана во одбрана на Силјановска: Џентлменството е одамна изгубена категорија

И пејачката Бојана Скендеровски со поддршка за претседателската кандидатка, професорката Гордана Силјановска Давкова, откако таа во изборната кампања е мета на низа навреди

- Да ја навредуваш било која жена поради нејзината возраст, изглед, дали практикува јога, дали сади цвеќиња, како танцува или слично, а да си притоа припадник на машкиот пол, не те прави ништо повеќе од еден обичен слабич и исфрустриран лузер, кој за жал има вакум простор од својот раст и развој…но, она што е пожално се сеирџиите од околу кои навиваат и се смеат и демек им го направил ќеифот… Очајот е страшна работа, а глупавоста е бесконечна, вели Бојана во објава на својот официјален фејсбук профил. 

- Како жена, многу често сфаќам дека сме многу посилен и подостоинствен пол, џентлменството е одамна изгубена категорија! Само напред професорке, една дама е премногу силна за да ги слуша беззначајните лаења!

П.С.Тој истиот циркузант(од чии фотографии на кои налетав по фб по долен веш и банана во раце, мене ме фаќа срам) го родила жена! - порача пејачката во својата објава во која изрази поддршка за професорката.