Патот од Гостивар кон Стража и Маврово кон Дебар е затворен за камиони

Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за тешки моторни возила поради наврнато снег известуваат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.