Паради на оружје и воена опрема, па после зошто децата се восхитуваат на оружје и насилство?

Неколку улици од  Скопје утрово се затворени за сообраќај, а причината се вежбите на Амбасадата на САД во координација со МВР. 

Скопјани, и онака, револтирани од сообраќајните гужви, негодуваат што токму во „шпицот“ за кон работа морале да „вртат“. 

Мартин Јовановски, преку објава на фејсбук, реагира и што сето тоа со вежбите на НАТО се случува пред очите на децата. 

- Амбасадата на САД заедно со МВР ќе го блокираат пола Скопје зошто ќе си прават вежба. Значи, вежбата не може да биде попладне, туку мора во најголемата гужва, нели... Пред некој ден во Кавадарци во сред бел ден си направија парада на воени возила и оружје. Нели, we are NATO... И после, зошто децата се восхитуваат на оружје и насилство? Зошто восхит, зошто глорифицирање на орудие наменето да уништува и убива? Хмм... И...децата ли се виновни? - напиша тој во својата фејсбук објава.