Палевски се јави од Турција: Палчо не киднапира и убива деца и старци!

Политичката партија „Десна“ објави писмо, тврдејќи дека го напишал Љупчо Палевски, осомничен за убиство на велешанецот Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје, кој моментално се наоѓа во екстрадициски притвор во Турција.

- Денес е 80ти ден како сум во екстрадикциски притвор, со посебен интерес, а тоа значи самица, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества. Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки. Некако успеав да обезбедам адвокат, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата. Адвокатот ми презентираше неколку одпринтани пресконферанции и интервјуа на министерот Спасовски потрчкото, Министерот за Правда Кренар Лога. Бев шокиран од купиштата на лаги и манипулации од страна на Спасовски кои лесно се докажуваат. Атмосферата на јавен линч која ја произведе министерот Спасовски има неколкукратна политичка корист, токму за него како голем политички АУТИСТ од Куманово, се пишува во писмото. 

- Но, пред да ги презентирам лагите на Спасовски сакам да изразам длабоко сочувсто за смртта на Вања и Панче, посебно за таткото на Вања, кој во моментот кога го загуби детето, монструмите го осомичија дека тој бил во контакт со мене и давал информации. Токму овој пример е одлична илустрација за умот на Спасовски и неговите истражители, но за тоа детално ќе објаснам подолу, пишува Палчо.

Палевски пишува дека „Палчо не убива деца и старци“, но во јавноста не се знае дали и колку ова писмо кое се прошири е веродостојно.