Паднато дрво предизвика спој на трафостаница во Железара

Паднато дрво предизвикало спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара. На социјалните мрежи во текот на вечерта беа споделувани објави дека чудна светлина и искрење се гледаат од Автокоманда и Железара.

Екипи на ЕВН работат на теренот на отстранување на дефектот.

Повик за инервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.