Ова се трите хороскопски знаци кои ги очекува љубов овој месец

Февруари е вториот месец од годината, во кој се слави љубовта и денот на виното. Но, тој не е подеднакво среќен за сите хороскопски знаци.

Кои хороскопски знаци ги очекува љубов во месецот на љубовта?

Овен  - Февруари е месец на страст и еротика. Марс и Венера се во знакот на Овен. Венера е планета на љубовта, а Марс планета на страста. Тоа значи дека расположението на родените во овој знак ќе биде огнено, а љубовните искуства многу интензивни. 

Февруари е експлозивен месец во кои ве очекуваат преубави и драматични, но и непредвидливи моменти.

Вага – Февруари е најстраствениот месец во годината за Вагите. Во нивната куќа на парови се наоѓат Венера, Марс и Уран, а во куќата на еротиката се наоѓаат Сонцето и Меркур. Ова е опасна комбинација, која исто така е тешка за контролирање. Затоа, многу работи се можни во текот на овој месец: див секс, голема заљубрност, додворување и флерт, потрага по нова личност и турбулентни љубовни авантури.

Стрелец – Февруари ги нагласува двете страни на вашата природа. Венера, Марс и Уран ја истакнуваат вашата дива, авантуристичка и страствена страна, додека пак Сонцето и Меркур ја нагласуваат вашата рационална страна. Рационалниот дел од вас ќе има влијание на традиционалните врски, додека пак дивиот дел може да ве однесе во нова или слободна врска. Како и да е, февруари има потенцијал да биде незаборавен месец за вас.