Осветена црквата „Св. 40 Севастиски маченици – Младенци“ – изградена во чест на убиените момчиња кај Смилковско езеро

Во близина на Скопје, вчера беше осветена црквата „Св. 40 Севастиски маченици – Младенци“ каде пред 12 години беа убиени пет млади момчиња.

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Oсветувањето на новоизградениот храм посветен на светите 40 Севастиски маченици – Младенци, а којшто беше изграден во спомен на петтемина свирепо убиени во 2012 година кај месноста Смилковци, крај Смилковското Езеро.

По Чинот на осветување беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија во присуствона  многуброен верен народ. На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејотНенад Стојаноски, а по завршувањето на истата, Архиепископот им додели одличја „АрхиепископДоситеј“ на градоначалникот на општина Гази Баба г. Бобан Стефковски и на градоначалникот наопштина Бутел г. Дарко Костовски за особените заложби при изградбата на храмот.