Осумгодишниот генијалец Македон го доби сребрениот медал од натпреварот по математика

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои сребрен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“, а сега конечно го доби и медалот.

Македон освои сребрен медал на натпреварувањето на кое учествуваа 4.142 учесници од 24 земји.

Детето од Тетово има коефициент на интелигенција 134, а се очекува истиот да достигне до 150 со тек на годините.