Општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево потпишаа Меморандум за соработка за основање на ЛАГ

Денеска општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево потпишаа меморандум за соработка за основање на Локална акциона група објави градоначалникот Гази Баба, Бобан Стефковски.

Оваа група ќе има за цел подготовка на стратегијата за развој на руралните средина во општините Гази Баба, Илинден, Бутел и Чучер Сандево.

„Во следната фаза ќе следи формирање на Локалната акциона група како посебен субјект кој ќе биде одговорен за реализација на стратегијата. Основен принцип на идниот развој е од доле - нагоре, односно преку активно и партиципативно учество на сите чинители во руралните средини на горенаведените општини. Оваа постапка е уште еден доказ за нашата решителност за рамномерен регионален развој преку создавање можности за подинамичен развој на руралните средини“ напиша Стефковски