Општина Кисела Вода ги поканува граѓаните да земат учество во проектот за животната средина

Општина Кисела Вода ги поканува граѓаните да земат учество на втората форумска сесија во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети” кој го спроведува УНДП во партнерство со Општина Кисела Вода.

- Проектот кој ќе се реализира и ќе биде финасиран преку Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, како што беше одлучено од страна на граѓаните, ќе биде од сферата на животната средина. Во среда, на 6 декември во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 11 часот, нашите жители ќе имаат можност да ги дефинираат проектните идеи. Затоа е вaжно граѓанското учество да биде што помасовно, да се слушнат што пове ќе идеи, предлози и да се направи вистински избор кој ќе ги отслика потребите на заедницата, повика претседателот на Совет на Општина Кисела Вода Иван Живковски.