Општина Центар организира хуманитарен концерт за помош на 12-годишната Кара

Општина Центар, в сабота, во Паркот на франкофонијата организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на Кара Селовска. Настанот е во организација на сите осум основни училишта и со поддршка на Општина Центар.

Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар. Поради сериозни компликации, во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија, заради дијагностицирање на нејзината болест.

Ова е втора акција што Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара.

За истата цел, Општина Центар ве кани в сабота, во Паркот на франкофонијато со цел сите ние да ѝ помогнеме на Кара успешно да го заврши лекувањето.