Општина Бутел: Третото дете од едно семејство нема да плаќа градина

На вчера одржаната седница на Советот на Општина Бутел се донесоа неколку значајни одлуки.

На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со поддршка од сите советници донесена е одлука за ослободување од плаќање на партиципација за трето дете од исто семејство кои се корисници на услугите на детската градинка „11 Октомври”.

Костовски, истовремено, порача дека со силна динамика се работи и на реконструкција на улиците на територија на општина Бутел.

- Општина Бутел се менува и работиме во интерес на граѓаните! - порача тој на својто фејсбук профил.