Општина Аеродром со демант: Во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во неколку училишта

 

Општина Аеродром излезе со јавен демант на информациите кои дњнеска ги изнесе СДСМ-Аеродром.

Ви го пренесуваме во целост:

СДСМ со своите партиски соопштенија уште еднаш го докажува аматеризмот, несериозноста и крајното непознавање на тоа како функционира локалната самоуправа. Денеска, локалниот огранок на СДСМ во Аеродром во јавноста пласираше дезинформација, според која градоначалникот Муцунски и општинската администрација се виновни за недостигот на ужина и топол оброк во основните училишта.

Оттаму, Општина Аеродром целосно ги отфрла овие обвинувања и истовремено би сакале да ги подучиме дека за набавката на топол оброк и ужина во училиштата, одговорни се самите училишта, а не Општина Аеродром како институција кон која тие неколкупати неосновано го вперуваат прстот.

Во овој момент во неколку основни училишта е во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во соработка со училишниот одбор и советот на родители.

Евидентни се загриженоста и разочараноста од тоа што со четиригодишно неработење, СДСМ во Аеродром ја изгуби шансата да ја продолжи праксата која самите ја наметнаа, а која предвидуваше сомнителни тендери и игнорирање на конкуренцијата во корист на еден снабдувач. Главната функција на опозицијата е да биде коректив на локалната самоуправа, а не гласник за ширење на дезинформации и неосновани обвинувања.