Опожарено возило во Ѓорче Петров

На 29.12.2021 во 01.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на болница во населба Ѓорче Петров настанал пожар на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Ѓ.(25).

Повредени лица нема. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.