Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација во Бутел

Општина Бутел денеска заедно со Олимписки комитет на Република Македонија (МОК) организираа обука за спортски менаџмент и спортска администрација.

Предавачи на денешната обука беа претседателот на МОК Даниел Димевски и секретарот на МОК Сашо Поповски.

На обуката присуствуваа сите спортски работници од општината, наставниците по физичка култура, спортските тренери и спортските стипендисти на Општина Бутел. За учесниците на обуката од страна на МОК ќе бидат доделени сертификати.

-Општина Бутел во изминатиот период заслужено се носи приматот на најспортска општина во Република Македонија. Вложувањето во спортот, спортската инфраструктура и спортистите вродува со плод. Нашите спортисти се меѓу најдобрите во Република Македонија во сите спортови. Наскоро ќе биде објавен и јавен повик за поддршка на спортските клубовите од нашата општина, најави градоначалникот Дарко Костовски.