Весна Коцевска која работи како туристички водич, а истовремено е и блогерка, на својот Инстаграм профил сподели видео од Охрид во зимско руво.
Иако, навикнати сме Охрид да нѐ асоцира на свежина, плажа, лето и одмор, Охрид знае да биде прекрасен и под снег.
Коцевска сподели видео од нејзината кратка прошетка до Канео, а дека природата е совршена доказ се сонцето и снегот во исто време.
- Секое годишно време си е посебно убаво, а кога ти е тебе Охрид најубав? - ги праша таа своите следбеници.