Одморот во Грција ѝ се претворил во пекол: Жена остана без автомобил на популарно туристичко место

За време на летувањето во Грција дел од нашите соседи од Србија се пожалија дека имале непријатно искуство, а една Србинка останала и без автомобилот.

На фејсбук групата „Во живо од Грција“, Србинка откри дека ѝ исчезнало возилото на Халкидики.

- Ми исчезна БМВ х3 сива боја. Ве молам за информација ако некој го забележал. Ви благодарам однапред, пишува во објавата.

Случајот бил пријавен во полиција, а голем број корисници на фејсбук коментираат дека ова не е прв инцидент на Халкидики.

Уште едно семејство остана без своето возило на почетокот на јули, но за среќа полицијата потоа го пронајде автомобилот.