Од понеделник нема повеќе да се примаат невакцинирани деца во градинките

По денешната одлука на министерот за здравство од Државниот санитарен инспекторат ( ДСЗИ) информираат дека од понеделник ќе почнат со издавање на решенија за забрана на прием на деца кои не се целосно вакцинирани.

“Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11 март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ДТП, како и други наложени епидемиски мерки“, појаснуваат од ДСЗИ.

Исто така, додаваат оттаму, ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.

“Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје – Скопје, истакнуваат од Инспекторатот.