Од Мичурин до Мичурин преку целиот свет со мотор (видео)

Пред некои четири година Ивана Чолаковска од Скопје (Мичурин) заедно со нејзиниот партнер Мануел Торрес од Севиља, Шпанија реши да се впушти во можеби една од најинтересните авантуристички патувања низ светот, каде заедно со нивната Јамаха во некои 1447 дена тие посетија 55 држави, имаа можност да се запознаат со уникатни народи, да стапнат на фантастични светски локации, да издржат тешки и прекрасни моменти, за на крајот да бидат одлично пречекани од нашето добро познато балканско гостопримство.

Ивана и Мануел од Македонија, за две недели продолжуваат со патувањето и одат се до Шпанија каде што ги чекаат пријателите и фамилијата на Ману, и потоа ќе продолжат со пат околу Европа. Патувањето Ароунд Гаја не завршува, објаснува Чолаковска. Тие имаат многу нови идеи и планови, коишто во блиска иднина ќе започнат да ги остваруваат.