Од 300 до 500 бракови "пукаат" во Македонија за еден квартал - најмногу разводи во Скопје

Скоро секој квартал во Македонија има од 300 до 500 разводи. 

Во третото тромесечје годинава имало 397 разводи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу разводи има во главниот град. Од вкупниот број, 117 разводи се во Скопје, Битола 21, Велес 11, Гевгелија 10, Гостивар 20, 19 во Кавадарци, 25 во Куманово, 10 во Охрид, 23 во Прилеп, 18 во Струга, 39 во Тетово, 14 во Штип, 8 во Струмица. Во помалите градови и рурални општини бројот на разводи е многу помал, или воопшто немало разводи.