Обновени заштитните столбчиња на улицата „Воин Драшкоци“ во Хром

Денеска се изврши рехабилитација на заштитните столбчиња на улицата "Воин Драшкоци" во Хром.

 Дел од нив беа целосно заменети, а дел од постоечките беа поправени.

- Апелирам до граѓаните да не ја уништуваат тенденциозно урбаната опрема што се поставува, а чија примарна цел е заштита на граѓаните што се движат по тротоарите. Целта на поставувањето столбчиња е и да нема паркирање на места кои не се означени како паркинг места.Да бидеме совесни и внимателни, порача градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.