Новогодишни пакетчиња за децата од петте мали групни домови

По повод новогодишните празници, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска го посети едниот од петте мали групни дома во населбата Козле, каде што се згрижени деца со воспитно социјални проблеми и со нарушено поведениe.

Јанчева посакувајќи им многу радост и среќа во Новата година на децата им подари новогодишни пакетчиња.