Ново зеленило и партерно уредување во Бутел 2

Бутел 2 доби ново зеленило и партерно уредување. 

- Уште едно барање на граѓаните го реализиравме во најбрз рок. Барањето кое жителите од ова населено место го доставија до мене веднаш го реализираме. Во Бутел 2 направено е партерно уредување на просторот околу зградите, нови паркинг места, нови пристапни патеки, како и ново зеленило и уредување на целиот простор, соопшти градоначалникот Дарко Костовски. 

Како што рече овие градежни активности имаат за цел да создадат современи услови за одмор и дружење.

- Инвестираме во сите делови на општина Бутел! - вели првиот човек на општината.