Нови клупи и канти за отпадоци околу трговскиот „Бисер“

Општина Аеродром деновиве ги заменува со нови старите и оштетени клупи пред трговскиот центар „Бисер“, а ќе бидат обновени и кантите за отпадоци.

Наредниот период целосно ќе се обноват клупите и на детската улица „Тоше Проески“ во населбата Ново Лисиче, како и на повеќе други локации во Општината, соопштија од локалната самоуправа.