Нови игралишта, парк и фитнес-зона: Љуботенски пат ќе добие спортско-рекреативен центар

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека ќе се гради нов спортско-рекреативен центар во населеното место Љуботенски пат, а ќе го носи името „Бранители“ и ќе биде на површина од 5.000 м2.

Просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар во изминатите години бил депонија, но тоа ќе се промени наскоро.

- Модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување.

- Ново баскет игралиште со специјална подлога.

- Фитнес зона за вежбање и рекреирање.

- Нов парк и нови зелени површини.

- Нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.