Нови 201 возач влегоа во бележникот на МВР, возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената при што се казнети 201 возач

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.