Нов возен ред на Македонски Железници

Во внатрешниот патнички сообраќај на патниците ќе им бидат на располагање нови возови на линииите кон Битола, Кичево и Кочани.

Со новиот возен ред, кон Битола сообраќаат пет пара возови, на релација Скопје-Кичево-Скопје уште два нови пара, исто како и на релација Скопје-Кочани-Скопје.

Со измените од Скопје за Битола сообраќаат пет пара возови со време на тргнување од Скопје во: 1:40, 6:42, 14:30, 17:10 и 20:12 часот.Од Битола за Скопје возовите ќе тргнуваат во 3:10, 5:25, 12:50, 18:25 и 21:04 часот.

Кон Кичево ќе сообраќаат два воза кои од Скопје ќе тргнуваат во 2:50 и 16:50, а од Кичево за Скопје во 5:33 и 19:30 часот.Кон Кочани, исто така, ќе сообраќаат два воза и тоа од Скопје за Кочани во 1:54 и 15:22 часот, а од Кочани за Скопје во 5:00 и 19:30 часот.

На релацијата Скопје-Велес, ќе патуваат вкупно 14 пара возови, во двете насоки. Првиот во 1:40, а последниот во 22:40 часот.Во повратна насока првиот воз од Велес за Скопје тргнува во 5:03, а последниот во 23:07 часот.

Железничкиот патнички сообраќај кон Табановци, Гевгелија и Волково останува непроменет. кон Табановци ќе возат шест пара на возови, кон Гевгелија три, а кон Волково еден пар.

Дополнително, покрај информациите за возниот ред, додадовме и информации за брзите возови и за возовите што не сообраќаат во недела.