Носталгија за едни поинакви времиња: Зимски распуст без интернет, таблет и телефон!

Носталгија за еден посебни времиња... Колку спомени, сеќавања, убави моменти. 

Зимски распуст, кога домот од рано наутро мириса на прекрасен тазе сварен планински чај. Кога надвор има по еден метар снег. На прозорците има по десет сантиметри насликана зимска слика, од мразот. Носот е пред телевизорот, се чака омилената зимско рекреативна програма.

Поголемиот дел од денот се поминуваше надвор, на снег. Со санките и скиите. Многу деца, многу џагор, многу насмевка, многу исполнети и задоволни детски лица. Немаше ништо поубаво од санкањето на вреќа. Дома се враќавме живи, мокри, но никогаш не се откажувавме. Борбата со снежните топки, и правењето на снешко и замоци од снег, секогаш беа во прв план. 

Немавме интернет, ниту таблет и телефон. Со другарите не се договаравме на социјалните мрежи за да излеземе на улица. Се довикувавме. Колку само возбуда имаше, кога ќе си го слушнев гласот дека некој ме довикува од пред портата, за да излезам надвор. 

Колку само спомени, како да беше вчера...