Несреќа на Партизанска: Велосипедист прегази повозрасна скопјанка

Повозрасен велосипедист прегази жена пешак во Скопје. 

Како што соопштија од полицијата вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, велосипед управуван од А.В.(71) удрил во пешакот В.У.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.У., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известија од МВР.