Неофицијално: Двајца советници ја напуштија советничката група на СДСМ во Аеродром

Очигледно силите во општина Аеродром значително се променија. Како што неофицијално дознава Скопје Инфо двајца советници на СДСМ ја напуштиле советничката група во општина Аеродром.

Пред две години откако завршија локалните избори распоредот на силите во општината беше: 14 советника за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со 8 и Левица со 5. Сега со новава ситуација СДСМ падна на само 6 советника или еден повеќе од Левица.