Неколку вработени во МВР се заканувале на човек, преземени соодветни мерки

На 27.03.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.А.(30) од с.Буковиќ, скопско, пријавил дека на 26.03.2022 околу 19.45 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, пет лица му се заканиле, а двајца од нив имале огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за лицата Ф.Р.(44), А.А.(38), Д.Н.(41), Н.С.(28) и Д.Д.(48), сите од Гостивар и сите вработени во МВР.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.