Најчевска за американската амбасадорка: Отворено поддржува конкретна политичка партија во државата

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска со „жесток“ став кон американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер. 

Вели дека амбасадорката дефинитивно ги прекршила сите правила на дипломатско однесување.

- Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има. Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција). Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е. Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази. Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата, констатира професорката во објава на фејсбук. 

Најчевска констатира „Незапамтен дилетантизам. Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори“. 

Оваа нејзина реакција следи откако Агелер изјави дека нема ништо спорно во договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите во земјава, а опозицијата критикувала без основа за да собира политички поени.

изјави дека нема ништо спорно во договорот со „Бехтел и Енка“, а опозицијата критикувала без основа за да собира политички поени.