Надвозникот на Бит пазар нефункционален - сообраќајната култура на скопјани е на ниско ниво!

Зошто скопјани не го користат надвозникот на Бит пазар? Наместо да се чувствуваат безбедно и сигурно, скопјани претрчуваат по улицата, на која се вози многу брзо и без почитување на сообраќајните правила и прописи. Секое поминување на улицата е сериозно загрозување на сообраќајот и безбедноста на минувачите.

Лошата хигиена, несигурноста, неосветленоста, но пред сѐ недоволната сообраќајна свест на пешаците се само дел од причините поради кои се избегнуваат подземните и надземните пешачки премини во градот. Доколку тие не се користат, се губи нивната функционалност и се поставува прашањето зошто воопшто се поставени.

Но иако постојат надвозници и подвозници, граѓаните ги избегнуваат за употреба.

Наместо на тротоари и надвозници, граѓаните се движат по улица и по нелегални премини. Во минатите години имаше сообраќајки на нелегалните премини, во кои луѓе го загубија животот.