Надминат е прагот - Стапуваат во сила мерки против загадувањето во еден македонски град

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во Кичево е надминат прагот на алармирање од загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух.

„Во согласност со уредбата за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и праговите на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (‘Службен весник на Република Македонија’ бр. 183 од 14.12.2017 година), во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни дена) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека тој е надминат на мерното место во Кичево“, се наведува во официјалното соопштение.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на ПM 10 на мерното место на кое има појава на надминување на прагот на алармирање.