Над 200 казни за непрописно паркирање во Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар и сообраќајната полиција – Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 13 декември 2021 до 19 декември 2021 година со специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 125 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.