На партиски собир се степале жители на Свети Николе

Пред 2 дена во полициската станица во Старо Нагоричено било пријавено дека на партиски собир одржан во село Алгуња се степале 2 лица од Свети Николе.

„На 14 април во 21.30 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане, Б.Т. (44) од Свети Николе пријавил дека во село Алгуња, општина Старо Нагоричане, додека бил на партиски собир бил физички нападнат од Г.Т. од Свети Николе“,  стои во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот“.