На оние кои го живееле тоа време им течат солзи, на новокомпонираните „низ ногавици“ - Димитриевски брутално за филмот „Тома“

Филмот „Тома“ е вистински балкански феномен веќе извесно време. Мислењата околу него се навистина поделени, што е сосема нормално. Екранизацијата на животот на големиот боем за некого е емотивна, носталгична, тажна, додека пак други се рамнодушни. Сепак, денешната публика се состои од оние кои се сеќаваат на настаните и ги живееле, од оние кои знаат по нешто за тоа од своите блиски и секако, од оние кои не знаат ништо. 

Новинарот Антониот Димитриевски во својот фејсбук-статус ги долови разликите кај различни групи гледачи. 

- Гледам, сите се „подмочнувате“ на „Тома“... Само разликата е во тоа што на  оние кои  го живееле тоа време им течат солзи, а на „новокомпонираниве“ им  „тече низ ногавици“... Оние првите носталгично сфаќаат дека ова не е  само филм  за „таму некој кафански пејач“, туку приказна за душата... Филм за времето и земјата во која се почитуваа вистинските вредности, беа удостоени и ставени на пиедесталот, културата, музиката, естрадата, спортот... а не политиката! Со неа за сите останати се занимаваше мала „група големци“, а не како денес, секој сељобер од улица да „бистри политика“. Кој по партии кој во Влада, Парламент, грото по социјални мрежи! - напиша тој. 

Неговиот статус прочитајте го во продолжение: